![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() |
---|
Мојот најсакан спорт ТЕНИС
Инспирацијата доаѓа за најхрабрите, борбените и најупорните!

Исполнувањето на времето, инспирацијата, мотивацијата и успешноста зависат од едно нешто- желбата кон она што навистина сакаш да го правиш. Кога ќе го запознаеш она што навистина те исполнува во сите можни мигови, потруди се да се приближиш кон него и да научиш се. Ако сакаш да бидеш подготвен, силен, мотивиран и доволно инспириран за да направиш нешто, пронајди го својот пат до спортот. Јас го најдов, а тоа е Тенисот.
Бидејќи времињата се променија и пред неколку години ни овозможија да го играме овој спорт, иако знаејќи го уште од мала возраст, среќна сум што сум дел од нашиот тениски клуб „Ас“. Освен за време на тренинзите, прекувремено кога сум во можност или сум доволно „изнервирана“ и полна со енергија, тенискиот терен е мојот избор за дружење.




Мојата опрема
Woman NSW AV15 JKT KNT
2.232 MKD
Woman RALLY PANT REG AIR
1.830 MKD
Woman NSW LGGNG AIR
1.832MKD
Woman AIR VAPOR ADVANTAGE
3.590MKD
NIKE Дуксер
NIKE Долен дел тренерки
NIKE Хеланки
NIKE Патики


Убавите работи кого не го привлекуваат? Никој неможе да одолее на убавите и слатки работи, особено кога самиот ќе си ги приготвиш. Сакам да готвам и не ги делам работите на солени или благи, но за подобро опуштање и поголемо задоволство сакам да правам благи работи и тоа од некој вид овошје со чоколадо.






Драматична уметност
За драматични луѓе
![]() | ![]() | ![]() | ![]() |
---|---|---|---|
![]() | ![]() | ![]() |
![]() | ![]() | ![]() |
---|---|---|
![]() | ![]() | ![]() |
![]() | ![]() | ![]() |
![]() | ![]() | ![]() |
![]() | ![]() | ![]() |
![]() |

Љубовта кон
Книгите
Не можеш да купиш среќа со пари, но можеш да купиш книга, тоа е приближно исто!
Мене ми претставува задоволство кога некое добро парче книга од домашен или странски писател ќе ми се најде в раце. Особено кога станува збор за моментално популарни и во тренд изданија, тогаш библиотеката ни е единственото решение каде да ја побараме книгата или едноставно- да си ја купиме и да биде во наша сопственост.
„Доаѓа време кога треба да се одлучиш – дали ќе ја свртиш страницата или ќе ја затвориш книгата.“
Џош Џејмисон
„Читањето ни носи непознати пријатели.“
Оноре де Балзак
„Зборовите можат да бидат како рендгенски зраци ако ги употребувате правилно – тие можат да поминат низ сѐ. Читаш и прободен си.“ – Олдос Хаксли
„Пишуваме за два пати да го вкусиме животот: во моментот и во ретроспектива.“ – Анаис Нин
![]() |
---|
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
„Ги делам сите читачи во две групи: оние кои читаат - за да запаметат и оние кои читаат - за да заборават.“
Го сакам сонцето и уживам во прошетките проследени со сонце. Најубавите мигови сакам да ги фотографирам и сум задоволна доколку излезат онака како што сакам.Најчесто тоа се убави моменти од природата, зајдисонца кои ме инспирираат на најдобар можен начин со прекрасните нијансирани бои на небото.
